За општествените работи



Ми раѓаше надеж дека оваа сеопшта политичка структура не ја води својата пропаганда или кампања за себе си, па макар и под чиј материјален патронат, туку за опстојувањето или избегнувањето на гасењето на нашата нација а и држава низ овие смерници на глобалзација и споелувањето на нашиот национален суверенитет во овие процеси.

На внатрешен план македонската нација е мајоризирана од таканаречени права и слободи, еднаквост и еднаков пристап кон учеството во устројството на државата на малцински ентитети што е суштествено глобалниот јаз во кој ние пропаѓаме.

Политиките се веројатно пропаганди, но сеопштите во овој момент за мене можеби еден р’кулец кој мислам дека не создаде почва да се з’недри тоа што треба-по мене нашата скапа во своите вредности нација да остане тоа што е и тоа во современа смисла на зборот и со сериозен темел на неначнувањето на нашите национални интереси.

Примарно треба да се тие ,,,

Каде одиме ?

Финансирањето на актерите на сеопштата општествена сцена е сосем индикативно човек да се запраша како се слеваат средства за нивните кампањи - затоа велам финансирањето - јавното и транспарентно прокламирање на своите постулати, очигледно скапото излегување на сцена е сосема снажен, веродостоен и достоен стремеж за верба кога се пропагира нешто за што во овие сегменти кои ги слушам мислам дека веќе се родени и ќе течат, даваат сериозен призвук и верба во едни човекови вредносни материјални и морални судови кои треба да се доминанти во целата општествена и наша заедница:

обично го вклучуваат зборот “општествено-политичка “ па било каков извор да ги подржува.

Пишан текст во овие временски или било кои интервали со пропагандите кои се окупација, во цивилна смисла на зборот, на слободата на царувањето на личните судови а и не само тогаш, никогаш не сум го чинел.

Зошто пишав,,,

За мене нема значение, но има значение тоа што медиумската јавност точно ги мери личностите, ставовите, прокламирањето, своите лични интереси итн. за да процени кој носи перспектива во живеењето на нашите поколенија.

Импозантно разочарувачки, и сосема јасен ми е погледот, следењето- не во казнена сфера се разбира, на сите јавни или затскриени настапи и пројавување интереси на актерите во (сигурно не треба да е борба за освојување на власта) визиите, стратешките цели, реалноста на оценката на позицијата на нашата држава, перспективите итн. за особен и не/повластен третман на електоратот или изборното тело,,, а сите сме луѓе од крв и месо...

Разочарувањето како термин е срушена реалност претходно претставена како визија, што не е тоа кај мене со оглед на тоа што оваа денешна и онаа пред 30 години состојба е еднакво квалитативно иста.

Пледирам центарот на нашиот интерес, секој и сечиј за себе лично засегнат за иднината да бидат атрибути кои треба да донесат прогрес, излез од вртлог во борба за доминанти во сверата на извршната власт во државата како еден нејзин дел, која не може самата себеси да се трансформира а камоли да ги трансформира другите два темелни столбови на власта.

и мислам би бил современ систем преку кој ерозијата на темелите на сеопштото живеење треба да се поврати снажно и со потврдена верба и доверба како и кого ние ќе избереме - така и ќе живееме, и така сме живееле.

Достојно верификувајте ги сечии вредности кои можат да доведат до стекнувањето на верба во институциите на државата и особено личностите кои неа ќе ја водат.

Александар

pulejkov.com

Counselor at Law | poems, art, law, music, sciences https://pulejkov.com

Counselor at Law | poems, art, law, music, sciences https://pulejkov.com